Нови податоци потврдуваат дека Galaxy S11 ќе има камера од 64MP

од Vlatko K

Според досега „истечените“ информации, кодното име на Galaxy S11 серијата е „Picasso”, а Samsung
може повторно да искористи дизајн со „Teardrop“ отвор на екранот.


Очекувања, исто така, вклучуваат присуство на чипсет произведен со новиот 5-nm процес на
производство, воведен од страна на Корејците.

Ние исто така знаеме дека со Galaxy S11 ќе дебитира верзијата 2.1 на интерфејсот One UI 2.1, кој се
базира на Android Q.

Сега извори од Кина велат дека, барем некои од варијантите во серијата, ќе користат сензор од 64
мегапиксели во главната камера, а најверојатно тоа ќе биде веќе презентираниот ISOCELL Bright
GW1.

Новите податоци ја надополнуваат распространетата од Ice Universe (@UniverseIce) информација
дека Galaxy Note10 ќе биде последниот предводник на компанијата, кој ќе користи 12MP (S5K2L4)
сензор со големина на пикселите 1.4 микрони, кој беше воведен со Galaxy S7.

Слични содржини