Нови податоци за ретки несакани ефекти од две вакцини

од Nikola Popovski

Европската агенција за лекови препорача дека нови, ретки несакани ефекти да бидат вклучени во упатствата за употреба на вакцините против Ковид-19 од компаниите AстраЗенека и Џонсон и Џонсон.

За вакцините од двата производители, случаите на попречен миелитис се наведени како „многу ретки“ како несакани ефекти по вакцинацијата.

Тоа е ретка невролошка состојба на воспаление на едната или двете страни на ‘рбетниот мозок, што може да предизвика слабост во рацете или нозете, сензорни симптоми (трнење, вкочанетост, болка или губење на чувството болка) или проблеми со функцијата на мочниот меур или цревата.

ЕМА наведува дека односот помеѓу значајните придобивки од вакцините и потенцијалниот ризик останува непроменет дури и по новите наоди.

Кога станува збор за вакцината на компанијата „АстраЗенека“, ЕМА препорача ажурирање на веќе постоечките информации за „многу ретка“ можност за тромбоза со тромбоцитопенија (ТТС) по вакцинацијата, пренесува Танјуг.

Последните податоци покажуваат дека ТТС се јавува во помалку случаи по втората доза од 1.809 пријавени случаи во светот, 1.643 се јавиле по првата, а 166 по втората доза на вакцината „АстраЗенека“.

Според тековните информации за производот, втората доза од оваа вакцина е контраиндицирана кај луѓе кои доживеале ТТС по првата доза.

Слични содржини