Нови правила за влез во Словенија

од Берта Китинска

Од денес, влезот во Словенија ќе им биде дозволен на лицата кои ќе  докажат дека се заразиле со коронавирус или се имуни, односно доколку презентираат доказ дека биле позитивни најмалку три недели пред да пристигнат на границата и најмногу шест месеци пред тоа.

Влегување ќе им биде дозволено и на оние кои презентираат сертификати за вакцинација против Ковид-19, најмалку седум дена по приемот на втората доза на вакцина „Фајзер“ или најмалку 14 дена по приемот на „Модерна“.

Во случај ако ја имаат примено вакцината AstraZeneca, мора да поминат најмалку 21 ден откако ќе се даде првата доза.

Од утре на Словенците им е забрането да одат во земјите од црвената листа и им е дозволено да влегуваат во нив само со презентирање на негативен тест за PCR или потврда на вакцинацијата, односно Ковид-19, изјави министерот за внатрешни работи, Алеш Хојс.

Новите регулативи за влез и излез се однесуваат на сите земји на црвената епидемиолошка листа, вклучително и на сите земји од поранешна Југославија.

Слични содржини