Нови проценки: До 50 проценти од заразените немаат никакви симптоми и можат да го пренесат коронавирусот

од Nikola Popovski

Се повеќе и повеќе истражувања покажуваат дека луѓето без симптоми учествуваат во ширењето на коронавирус, што ги поттикна официјалните лица ширум светот да размислат дали сите во јавност треба да носат маски.

Новите податоци од Исланд покажуваат дека 50% од заразените биле без симптоми.

Во САД, околу 25% од носителите на коронавирус немаат никакви симптоми, изјави директорот на Центарот за контрола и превенција на болести.

„Податоците што сега ги потврдуваме покажуваат дека значителен број заразени лица всушност немаат симптоми. Според најновите податоци, такви се 25 проценти од заразените “, рече директорот на CDC, д-р. Роберт Редфилд.

Повеќе од 200.000 луѓе во Америка се заразени со коронавирус, а најмалку 3.888 починале.

За да се спречи понатамошно ширење, врвниот експерт за заразни болести во САД вели дека здравствените работници ги прегледуваат упатствата за носењето маски за лице при излегување.  Д-р Ентони Фаучи најави дека најверојатно ќе се донесе препорака сите во јавност да носат маски.

Ако американските службеници препорачуваат широко распространета употреба на маски за лице, тоа би било сериозна промена од препораките на Светската здравствена организација и CDC, кои велат дека маските за лице треба да ги носат само здравствените работници, пациентите и оние кои се грижат за некој што е заразен.

Кина бележи 1300 асимптоматски случаи на заразени

Кина објави дека има повеќе од 1.300 асимптоматски случаи на заразата.

Здравствените власти го забележаа и првиот увезен случај на инфекција во Вухан, епицентарот на епидемијата од декември минатата година, а сега расте загриженоста за нов бран на заразени од странство.

Од 36 нови случаи во средата, 35 биле увезени.

Националната здравствена комисија (NHC) објави дека 1367 асимптоматски пациенти сега се под медицински надзор.

Асимптоматските случаи нема да бидат додадени на вкупниот број заразени пациенти, освен ако не започнат да покажуваат клинички симптоми.

Слични содржини