Нови работни места во ТИРЗ и во 2023 година

од Stefanija Kuzmanovska

ТИРЗ ја започнува годинава, исто како што ја заврши 2022, со позитивен тренд на извоз и зголемување на бројот на работни места. Компаниите во ТИРЗ во јануари реализирале извоз од 275,4 милиони евра што е највисоко ниво во последниве пет години, соопштуваат од СДСМ.

„Во споредба со јануари 2022 извозот е зголемен за 11 отсто, односно за 9 отсто повисок од 2021, и за 45 проценти во однос на истиот месец 2020 година.

Позитивниот тренд на раст продолжува и во однос на увозот. Компаниите во ТИРЗ во јануари оствариле увоз од 221 милиони евра.

Особено позитивен тренд на раст има кај нето извозот кој во јануари изнесува 24,5 отсто, што меѓу другото се должи на зголемените инвестициски активности во ТИРЗ и зголемениот број на работни места. Бројот на вработени во зоните во јануари достигна речиси 16.400 што е за 16 проценти повисок од јануари 2022. Инаку ТИРЗ ја заокружи минатата година со 2300 новоотворени работни места и највисок извоз досега од 3,7 милијарди евра, со што е 2022 е најуспешната година од постоењето на зоните. Мерките и политиките, што ги креира Владата предводена од СДСМ создаваат поволни услови за вложувања, кои ги препознаваат светски ренормирани компании и ја избираат нашата држава, како најпололна за инвестиции.

Како одговорна партија, СДСМ продолжува со мерките и политиките кои обезбедуваат економски раст и конкурентна економија“, истакнуваат од СДСМ.

Слични содржини