Нови РАСИСТИЧКИ ОБВИНУВАЊА против кралското семејство

од Vladimir Zorba

На војвотката Меган Маркл (39) и нејзината мајка Дорија Рагланд (64) не им било дозволено да влезат во Виндзор за да се напијат кафе, пишува ОК! магазин. Извори блиски до семејството велат дека Дорија тогаш и рекла на својата ќерка: „Заглави тука“.

ПР на Меган не сакаше да ја коментира наводната ситуација, а не се огласи ниту службата за односи со јавноста на Кралицата.

Војвотката од Сасекс, која поднесе официјална жалба до британската владина канцеларија за комуникации во врска со наводите на домаќинот Пирс Морган (55), изјави во неодамнешното интервју со Опра Винфри (67) колку се чувствувала осамена додека била во кралското семејство со принцот Хари.

Меган, исто така, призна дека имала самоубиствени мисли додека била во Велика Британија, откако сметала дека нејзината смрт ќе реши сè.

Поранешната sвезда на серијата „Костуми“ тврди дека ќе добиела потребна помош од докторот поради лошата ментална состојба, но наводно не и било одобрено тоа.

Слични содржини