Нови сателитски снимки од оштетениот Кримски мост: Русите го поправаат (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Фирмата Maxar Technologies објави нови сателитски снимки од оштетениот Кримски мост, кој го поврзува полуостровот Крим со Русија, кој беше анектиран од Русија во 2014 година. На видеата се гледаат поправките на пругата на мостот и на оштетените делови од патот, објаснија од Maxar.

„По мостот може да се забележат возила (првенствено автомобили и мали камиони). Во близина, траект превезува камиони преку теснецот Керч. Во близина, неколку стотици товарни камиони (беа) паркирани северозападно од Крим на напуштен аеродром, чекајќи да бидат префрлени во Русија, наведоа од Maxar.

На снимката се гледаат и товарни камиони кои чекаат на терминалот за траект.

Да потсетиме, Кримскиот мост беше оштетен во саботата.

Рускиот претседател Владимир Путин акцијата ја нарече терористичка, а Украина не презеде одговорност. Русија објави детална хронологија на нападот на мостот, додека офицерот за печат на украинската воена разузнавачка служба Андриј Јусов ја нарече истрагата бесмислица.

Мостот е долг 19 километри, а Путин го отвори во 2018 година.

Слични содржини