Нови шокантни детали за полицајката која го застрела своето семејство: Ваљдете и дала 12 000 евра на тетка си за погребот

од Nikola Popovski

Новите информации што ги објавија албанските медиуми на Косово откриваат дека полицајката Ваљдете Блаца, која ги уби двајцата браќа и родителите во Гњилане со службениот пиштол, во времето меѓу убиствата и нејзиното самоубиство, ги спречила тетка си и нејзиниот син да влезат во куќата и да ги пронајдат телата.

За да ги одврати од идејата да влезат во куќата, таа им дека семејството е зафатено и дека таа се брза.

Ваљдете, која ги уби браќата Блерим (33) и Фисник (34) со два истрела од куршум, од кои едниот спиеше, а потоа и нејзините родители, мајката Ханифа (66) и таткото Зекир (70), била сама со телата во домот неколку часа.

Кога тетката на Ваљдете затропала на вратата, плашејќи се дека ќе ги види телата на нејзините најблиски, ја избркала, велејќи и дека семејството е зафатено, а таа се брза. Ја затворила вратата, тетката и нејзиниот син се оддалечиле, а потоа се слушнал истрел. Тоа било моментот кога Валдете си пресудила самата. Веднаш, потоа тие ја повикале полицијата која ја нашла грозоморната сцена.

Репортерите објавија дека полицијката веќе подолго време го планирала злосторството и ја прашувала тетката претходниот ден колку чини погребот и, наводно и дала 12.000 евра, без да каже зошто. Се претпоставува дека парите биле наменети за погребот на целото семејство.

Албанските медиуми, исто така, објавија дека на полицајката и било одземено службеното оружје, но дека таа тајно го зела во вторникот и отишла дома за да го стори злосторството.

За потсетување, соседите во вторникот раскажаа за уште едно можно сценарио за убиство, според кое полицајката се вратил дома од работа и го нашла нејзиниот брат Блерим како пука кон членовите на семејството. За да го спречи, таа го убила, а потоа и самата си пресудила.

Сепак, некои официјални претставници ги негираа обвинувањата, тврдејќи дека на местото на настанот е пронајдено само едно оружје, нејзиниот службен пиштол, дека сите членови на семејството биле убиени при што биле истрелани најмалку два истрела и дека пиштолот бил пронајден во нејзината рака.

Слични содржини