Нови шокантни информации за смртта на Марадона!

од Stefanija Kuzmanovska

Истрагата за смртта на Диего Армандо Марадона, кој почина на 25 ноември 2020 година под неразјаснети околности, сè уште не престанува! Адвокатот Марио Баудри, човекот кој го застапува синот на Ел Пибе, Диегито, побара од државниот обвинител на Сан Исидро итно да уапси четири лица поради смртта на таткото на неговиот клиент!

Диегито е син на Марадона, кого легендарниот фудбалер го доби со Вероника Охедо, а неговиот адвокат Бодри ги обвини за убиство д-р Леополд Лук, психијатарот Агустина Косашов, психологот Карлос Дијаз и лекарот Ненси Форлини!

Бодри исто така го обвини адвокатот на Марадона, Матијас Морла, кој се занимаваше со неговиот имот, потоа неговиот братучед Максимилијан Помагра и неговата сестра Ванеса Морла, кои незаконски ги здружија силите за да ги „соберат плодовите“ на неговиот имот.

– Очигледно е дека Марадона најпрво беше лишен од целиот свој имот, неговите брендови, па дури и од името, а потоа беше оставен сам на себе. Тие ставија луѓе кои немаа искуство и знаење да го лекуваат, но го спречуваа да се обрати до семејството за помош – рече Бодри, додавајќи:

– Му дадоа легална и нелегална дрога за да му го влошат здравјето, обидувајќи се да предизвикаат смрт што изгледаше природно. Кога Марадона почина, единственото нешто што имаше вредност беа неговите имиџ права и трговска марка што повеќе ги немаше или можеше да им ги пренесе на своите наследници. Тие права беа во име на компанија составена од овие луѓе кои требаше да се грижат за него, но тие не го сторија тоа, истакна адвокатот.

Инаку, во средината на април беше објавен текст во кој беше откриено кој потрошил најголем дел од парите на Диего од 2014 година.

Слични содржини