Актуелно
Почетна / Сцена / Нови шокантни откритија од актерот: Амбер Херд му го отсекла прсот на Џони Деп

Нови шокантни откритија од актерот: Амбер Херд му го отсекла прсот на Џони Деп

Холивудскиот актер Џони Деп изјави дека за време на големите расправии, неговата поранешна сопруга Амбер Херд, со која во моментот се суди, му отсекла прст, од кој му „шикала“ крв како од „вулкан“.

56-годишниот актер рече во видео објавено од „Дејли мејл“ дека му го дал на повредениот прст прекарот „Малиот Ричард“. Тој тврди дека подоцна ја заштитил својата поранешна сопруга од медиумите и рече дека го повредил прстот затворајќи го со врата. За време на таа расправија, таа, исто така, фрлила шише вотка кон него што му го повредило увото, а друго шише се скршило и тоа му го отсекло прстот.

„Прво сакав да го спасам прстот, а потоа морав да се соочам со фактот дека прстот ми го отсече жена со која сум во брак“, вели славниот актер.

Нападот се случил еден месец по свадбата, во време кога Депг о снимаше петтиот дел од „Пиратите на Карибите“ во Австралија.

Тие се разделија во 2016 година, а последните неколку месеци ги полнат медиумите со приказни за бракот, од кои некои се многу грди.

loading...