Нови шокирачки снимки од САД: Демонстрант лежи на улица, полицаец со велосипед му помина преку глава (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Полицаец од Сиетл беше снимен како премина со велосипед преку главата на демонстрант кој лежеше на улица.

Полицискиот оддел во Сиетл во четвртокот соопшти дека шерифот во округот Кинг ги истражува дејствијата на полицаецот – кој не е идентификуван, објави Си-Ен-Ен.

Видеото од инцидентот, снимено во средата вечерта и објавено на Твитер, покажува демонстрант како лежи на улица, додека полицаец поминува со велосипед преку неговата глава и вратот.

Снимката предизвика негодување бидејќи тензиите повторно се зголемија меѓу демонстрантите и полицијата откако државниот обвинител во Кентаки во средата објави дека ниту еден полицаец нема да биде обвинет за смртта на Бреона Тејлор.

loading...

Слични содржини