Нови случаи на корона во Сити, одложен натпреварот против Евертон

од Vladimir Zorba

Натпреварот од 16-то коло во англиската Премиер лига помеѓу Евертон и Манчестер Сити е одложен поради нови случаи на коронавирус во тимот на Пеп Гвардиола.

Сити требаше да игра против Евертон на „Гудисон Парк“ во понеделникот вечерта, но Премиер лигата ќе мора да одреди нов термин.

„По последните тестови за коронавирус, се појавија повеќе позитивни тестови, покрај претходните четири што ги имавме за Божиќ. Врз основа на медицински совет, Премиер лигата, во консултација со двата клуба, одлучи да го одложи натпреварот. Сите заразени фудбалери и вработени во клубот ќе бидат ставени во карантин во согласност со одредбите на Премиер лигата и британската влада“, објави Манчестер Сити.

Сити ги загуби Габриел Жесус и Кајл Вокер пред Божиќ, па двајцата го пропуштија натпреварот против Њукасл, кој Сити го доби со 2: 1.

Тимот на Пеп Гвардиола во моментов е шести во лигата и има шест бода помалку и натпревар помалку од водечкиот Ливерпул.

Слични содржини