НОВИ СОЗНАНИЈА ЗА ПАЗАРОТ ВО ВУХАН: Јазовци и зајаци го пренесувале вирусот?

од Stefanija Kuzmanovska

Експертите од Светската здравствена организација (СЗО) кои го истражуваат потеклото на пандемијата, сугерираат дека јазовците и зајаците можеле да играат улога во пренесувањето на новиот коронавирус на луѓето на пазарот во кинескиот град Вухан, објави „Волстрит журнал“ .

Истражувачите напоменаа дека е потребна дополнителна истрага за оние кои ги доставуваат овие и други видови животни на пазарот во овој град.

Тие сè уште не составиле целосен список на живи и неживи животни кои нелегално се продаваат на пазарот.

Експертите инсистираат Кина да спроведе масовно тестирање на своите фарми со ласици откако во Европа беше потврдено двонасочно пренесување на вирусот помеѓу луѓето и овие животни.

Тим од експерти на СЗО минатата недела ја заврши четиринеделната посета на Кина.

Тие објавија дека е малку веројатно вирусот да избегал од лабораторија, додека улогата на пазарот во Вухан сè уште е нејасна.

Слични содржини