Нови средби на Коѕијас и Димитров во мај

од desk4

По интензивните разговори околу решавање на спорот со името меѓу шефовите на дипломатиите на Грција и Македонија Коѕијас и Димитров се очекуваат нови средби.

Иако од Министерството за надворешни работи се уште не излегуваат со конкретна агенда сепак министрите за надворешни работи ќе се сретнат и на две конференции кај јужниот сосед, едната на 3-ти и 4-ти мај во Солун, другата една седмица подоцна во Сунио, близу Атина.

Првата е регионална конференција со учество на Македонија, Албанија, Бугарија и домаќинот Грција, која веќе неколкупати се одржа во истиот формат и се однесува на меѓуграничната соработка.

На 11-ти и 12-ти мај, во Сунио ќе се одржи конференцијата за иднината на Европа.

Според информациите на конференцијата ќе учествуваат претставници на вишеградската група – Словачка, Чешка, Унгарија и Полска и балканските четворка, односно земјите од членки на Европската Унија од регионот – Бугарија, Хрватска, Романија и Грција, како и државите кандидати за членство во Унијата, меѓу кои и Македонија. По двете конференции се очекува средба на министрите и во Софија на 17 мај на самитот на Европската Унија.

Извор: тв24

Слични содржини