Нови суспензии за спортисти од Русија

од desk2

Уште тројца руски возачи на боб се суспендирани поради користење недозволени супстанци на Олимписките игри во Сочи во 2014 година. Повтореното тестирање на мострите покажало дека Александар Касјамов, Алексиј Пушкарев и Иљир Кузин користеле недозвоелни супстанци.

Овие тројца беа дел од посадата на Русија која во Сочи го освои четвртото место, но минатата недела им беше доделен бронзениот медал откако тимот на Русија кој го освои златото исто така беше суспендиран поради допинг.

Бронзата сега треба да ѝ припадне на Велика Британија доколку Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) и формално ги пренасочи медалите. Британија последниот медал во боб го има освоено во 1998 година.

Слични содржини