Нови тарифи за струја: Сите што ќе потрошат повеќе, ќе платат повеќе

од Берта Китинска

Претседателот на РКЕ, Марко Беслимоски во емисијата „Економски магазин“ на Алсат најави нови тарифи за струјата.

Тој меѓу другото рече дека сите што ќе потрошат повеќе, ќе платат повеќе. Сепак, тој нагласи дека поевтината тарифа навечер после 22 часот секој ден и цел ден во недела, ќе остане и понатаму.

„Оваа мерка ќе важи само за домаќинствата. Инаку, блок-тарифите се концепт што го воведовме затоа што има енормна потрошувачка на струја, особено во една категорија на домаќинства. Ние како држава имајќи предвид дека енергетски сме сиромашни и имаме сериозни притисоци врз цената на струјата. Инаку, голем број европски земји немаат блок тарифи, тие се практикуваат во земји кои се зависни од увоз и таргетираат социјален елемент на цената на струјата. Во однос на блок-тарифите, она што треба да се знае е дека за бесплатната тарифа нема да има блокови. Блокови ќе има само за време на скапата тарифа, значи од 07:00 до 22:00 часот, секој ден. Во недела тарифата останува бесплатна цел ден како и досега“, рече Беслимоски.

Слични содржини