Запалија петарда и ја фрлија низ автомобил, додека поминуваше човек со куче (ВИДЕО)

од Берта Китинска

На социјалната мрежи „Тик Ток“ се појави повторно едно „фраерско“ видео на кое како две лица од автомобил фрлаат петарда со цел да уплашат случаен минувач кој во тој момент го шета своето куче.

-Ова на видеото е брат ми и нашето куче. Денес додека се шетале низ населба, дечките во видеово без никаква причина ( од забава ) му фрлиле петарда и за да се пофалат го објавиле. Никој не е повреден, освен што е малку некултурно и глупаво да го објавиш ова на социјални медиуми за да се пофалиш колку си “фраер”. Време е овие глупави трендови на TikkTok да престанат. Вчера возење коли по плоштад, возење со голема брзина и објава на TikTok за да не останат незабележани случајно како дивеат по улиците (додека некој не настрада),палење на шуми , ова денес … Што е следно? , стои во Фејсбук објавта.

Слични содржини