Нови цени на горивата од полноќ: Бензините со иста цена, дизелот поефтинува

Регулаторната Комисија за Енергетика предмалку ги објави новите цени на горивата – цените на бензините не се менуваат, додека дизелот поевтинува половина денар.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.10%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 не се менуваат, па бензините и понатаму ќе чинат 61.00, односно 63.00 денари за литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за половина денар и од вечерва на полноќ еден литар дизел ќе чини 52.00 денари.

Старо-новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

loading...

Слични содржини