Нови услуги на Messenger : Можност за бирање делови на разговорот на кој се одговара

од desk2

Фејсбук објави дека ќе додаде нови функции на Messenger, а корисниците ќе можат да изберат на кои делови од пораката ќе одговорат, што е особено корисно во групните разговори, со цел да воведе ред во комуникацијата.

Новата функција доаѓа како додаток на емотиконите со кои веќе некое време можете да реагирате на одредена порака, бидејќи отсега, кога ќе кликнете на пораката, веднаш до емотиконот ќе се појави ново копче ,,reply” кој на дел од пораката на кој ќе се одговора ќе се додаде нов одговор, и на тој начин ја одржувате дисциплината и јасноста во комуникација. Единствениот проблем е што наведените делови од пораките не се доволно раздвоени, така што тие се речиси на ниво со одговорот, но сепак опцијата е корисна.

Овој начин на одговор на пораките не е ништо ново, во WhatsApp постои веќе некое време, така што за Messenger беше следниот логичен чекор. Новите функции на Facebook, кои се појавуваат на сите платформи кои ги контролираат, се се поблиску до планот за обединување на Messenger, WhatsApp и Instagram, како компатибилни опции кои ќе го направат процесот на приклучување поедноставен.

Слични содржини