Нови видови на коронавирусот пронајдени во Јапонија и Финска

од Stefanija Kuzmanovska

Јапонските здравствени власти соопштија дека откриле нов вид на коронавирусот. Националниот институт за инфективни болести претпоставува дека новиот вид потекнува од странство, како и дека се разликува од другите видови кои спорадично се регистрираат во Јапонија.

Во Финска, исто така, беше откриена целосно нова мутација на Ковид-19. Финските вирусолози наведуваат дека PCR тестот не го препознава толку добро финскиот вид како другите видови на коронавирусот. Нема многу информации за другите специфики на финскиот вид, освен што има одредени карактеристики на мутација што ги имаат британскиот и јужноафриканскиот.

Слични содржини