Нови закони во Шпанија: Маските обврска и на плажа и во базен

Службениот весник на Шпанија објави нов закон за вонредни мерки за спречување и сузбивање на ковид-19, кој наметнува употреба на маски на кој било јавен простор, без оглед на социјалното растојание.

Досега, државните регулативи налагаа употреба на маски на отворено само кога растојанието меѓу луѓето беше помало од еден и пол метар, иако постоеја различни регионални регулативи, пишува „Ла Вангардија“.

Еден од практичните ефекти на новата регулатива ќе биде задолжителното носење маски на плажите и базените, што беше исклучок во одредени провинции.

Новата рамка подразбира мала промена, на пример, во Каталонија, каде од јули на сила е декрет со кој се воспоставува задолжителна употреба на маска за лице на отворено и на кој било затворен јавен простор, без оглед на растојанието. Иако јавните бањи беа исклучок, тие повеќе не се.

Прекршокот може да доведе до пријава и парична казна до 100 евра.

Новиот закон е ажурирање на мерките договорени во јуни 2020 година.

Слични содржини