НОВИ ЖАРИШТА ВО ИТАЛИЈА: Земјата влегува во третиот бран, владата подготвува поостри мерки

од Stefanija Kuzmanovska

На секои 100 тестови, скоро 7 се позитивни, а има скоро 23.000 нови инфекции на дневна основа, што е зголемување од 10 отсто за 24 часа. За тоа време, бројот на починати се зголемува, а последниот пријавен изнесува 339.

Има скоро 3 милиони позитиви од почетокот на пандемијата и 99.000 смртни случаи, и бројот на лица на интензивна нега се зголемува, а бројот на новооткриени жаришта вистинска загрижува.

Италија на тој начин сè повеќе се движи кон зоната на ризик од црвена или темно портокалова боја, што значи нови мерки, со сигурно зголемен број региони кои ќе бидат обоени во овие две бои, што значи подрастични антиковид мерки и затворање на цели провинции или градови како на пр. Болоња и Модена со провинциите. Училиштата се затворени во тие провинции, бидејќи има многу заразени деца на возраст од 6 до 19 години кои го пренесуваат вирусот на своите родители и семејството. За само два и пол дена, таму се хоспитализирани 209 лица, бројот на позитивни луѓе се зголеми дури во 17 региони, а 9 региони, веќе е познато, ќе добијат статус на висок ризик.

Новиот владин декрет ќе важи, со можни измени според развојот на пандемијата, од 6 март до 6 април. Во меѓувреме, податоците од Високиот здравствен институт покажуваат дека третиот бран на Ковид-19, пред сè, вританскиот вид, сочинува 54 отсто од вкупниот број позитиви во Италија на 18 февруари, а вирусолозите сметаат дека сега достигна процент од 65 до 70 отсто.

Јасно е објавено дека пристигна третиот бран на коронавирусот. Покрај британскиот, бразилскиот сој е исто така многу распространет.

 

Слични содржини