Новинар на „Волстрит журнал“ приведен во Русија поради наводна шпионажа

од Stefanija Kuzmanovska

Дописникот на „Волстрит журнал“, Американецот Еван Гершкович, е приведен во Екатеринбург под сомнение за шпионажа, соопшти денеска руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), пренесува „Риа Новости“.

ФСБ соопшти дека 32-годишниот Гершкович, дописник на московското биро на американскиот весник, е осомничен за шпионажа во корист на американската влада.

Според ФСБ, Гершкович „по инструкции на американската страна собирал информации кои се државна тајна за активностите на една од компаниите на рускиот воено-индустриски комплекс“.

Слични содржини