Новинар пронајден мртов на северот на Мексико

од Stefanija Kuzmanovska

Независен новинар е пронајден мртов на северот на Мексико, како нова жртва во серијата од 13 убиства на новинари и медиумски работници годинава, соопшти денеска државното обвинителство.

Обвинителството во северната погранична држава Сонора објави дека тетоважите на телото, пронајдено во пограничниот град Сан Луис, одговараат на тетоважите што ги имал новинарот Хуан Арјона Лопез, но се уште не е официјално потврдено дека тој е жртвата, пренесува АП.

Сан Луис беше долго познат по медицинските и стоматолошките ординации каде доаѓаа Американците, се додека во последните неколку години овој дел од Мексико не стана сцена на насилни конфликти меѓу нарко-картелите.

Во март, доброволци пронајдоа 11 тела во тајни гробници во пустината во близина на Сан Луис, во близина на локална депонија за ѓубре.

Слични содржини