Новинари излегоа на протестен марш пред Влада

од Vladimir Zorba

Денеска се одржува протестен марш од страна на новинари, кои се собрани пред зградата на Владата на РСМ.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) сакаат да го изразат незадоволството од нападите врз новинарите и снимателите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите, снимателите и медиумските работници, лошата социо-економска состојба.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски во разговор за „Локално“ вчера изјави дека протестниот марш на новинарите ќе биде израз на незадоволство од состојбите во медумската сфера, поради повеќе нешта, кои подолго време се генерираат и нaнесуваат штета на професијата.

На прашањето дали има сличности или разлики помеѓу времето од пред десетина години какви беа состојбите во новинарство до сега, Чадиковски е дециден работите не се исти.

-Тогаш живеевме и работевме во исклучително лоши услови и од аспект на слободата на говорот, имавме и новинари во затвор. Тоа сега, можеби не е случај, но работите тапкаат во место, законите важни за медиумите не се спорведуваат, јавните функционери и денес знаат да имаат потценувачки однос кон новинарите и снимателите, агресивниот државен Пи/ар ја зема работата на новинарите, локалните и регионални медиуми работат на раб на издржување, безбедноста на новинарите не е на ниво на кое би сакале да биде. Сето тоа, не мотивира да го организираме овој протестен марш, со цел да упатиме порака дека бараме почит кон новинарската професија и промени на подобро, вели Чадиковски.

Слични содржини