Новинарка откри каков е Хари навистина: Ми се јави и ми рече дека мисли на мене

Британскиот принц Хари откако објави дека со сопругата се повлекуваат од кралското семејство, стана најинтересна личност во светот. Се повеќе личности излегуваат јавно и зборуваат за односот со принцот, а сега се јави и британската новинарка Ребека Инглиш која со принцот се дружела кога била основана неговото хуманитарно здружение.

„Седев покрај тремот на кој се градеше школото за деца болни од АИДС, чија градба беше финансирана од здружението. Пишував, а потоа почувствував дека некој гледа во екранот. Тоа беше принцот Хари. Ми рече дека сака да види што пишувам и дека отсекогаш го интересирало што мислат луѓето за него“, ја започнала својата приказна новинарката.

„Често разговаравме. Хари никогаш не ја носеше кралската наметка лесно. Отсекогаш сакаше да биде само еден од момците. Ми призна, во неколку наврати, дека сака да замине од сето тоа. Тогаш не уште ја немаше запознаено сопругата и зборуваше дека би сакал да се пресели во Африка и да биде туристички водич“, открила таа.

Новинарката открила дека во една прилика таа и Хари заедно отишле на посета во една полница во Непал каде имало деца со страшно изгореници. Цело време зборувале за децата, а таа никогаш не му кажала дека една година одела од болница во болница со својот болен син.

Се изненадила кога добила негов повик кога се вратила во Лондон. Неговите чувари му раскажале зошто таа морала порано да си замине дома.

„Ми се јави и ми рече дека сум била неверојатно професионална со оглед на својата животна ситуација. Ми рече дека сум била неверојатна со деца и дека морам да одам на прием, но дека сум му во мислите“, раскажала новинарката.

Новинарката напишала дека неколку месеци по нивниот разговор, Хари ја запознал денешната сопруга и дека повеќе никогаш не се слушнале.

Слични содржини