Новинарот Михајловски: Како не му е срам на Мицкоски да го споменува името на Младенов во предизборна кампања?

од Nikola Popovski

По вчерашниот настап во Кочани на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во кој запраша до каде е истрагата за починатиот новинар Никола Младенов, стигнаа низа реакција на негова сметка.

Новинарот Горан Михајловски на својот Фејсбук профил ја критикуваше ваквата изборна реторика на Мицкоски и го запраша „како не му е срам да го споменува Никола Младенов во предизборна кампања“.

„Со кое лице му го изговараш името? На неговата слава ли ќе собираш гласови? На сообраќајката што се случи помеѓу два изборни круга на избори што ги организираше твојата партија?
Наместо да прашуваш „До каде е случајот со Никола Младенов“, прашај до каде е случајот со нелегалното масовно прислушување.

Во папката со прислушуваните разговори од мојот мобилен телефон си ги најдов и муабетите со Никола. Уште чекам да се појавам како сведок на суд да ја потврдам автентичноста на разговорите во кои со него другарски си ги споделувавме сомнежите и стравувањата од владеењето на твојата партија. Оти не беше само телефонското прислушување. Ако веќе те интересира под кои околности загина Никола тогаш зошто твојата партија со сите средства ја попречува правдата да се открие кој го нареди масовното прислушување и следењето на новинари во времето кога бевте на власт.

Вистинското прашање е: Зошто сте го следеле и Никола? Одговорот побарај си го кога следниот пат ќе одиш за Будимпешта“, напиша Михајловски. 

Мицкоски во својот говор ги спомена и убиствата на Мартин Нешкоски, Мартин Јанушев, Никола Христовски – Кољo.

Како не ти е срам да го споменуваш Никола Младенов во предизборна кампања? Со кое лице му го изговараш името? На…

Публикувахте от Goran Mihajlovski в Събота, 27 юни 2020 г.

Слични содржини