Новинарот на Телма, Павле Беловски, нападнат пред МВР додека чекал вклучување за СЈО

од Vladimir Zorba

Новинарот на Телма, Павле Беловски вечерва бил нападнат со тупаници од страна на непознато лице пред зградата на МВР додека се подготвувал да се јави во живо во вестите на телевизијата.

CvKmZfkWcAAWBH-[1]

Нападот се случил на три минути пред да се вклучи во вестите. Одеднаш непознатото лице му пришло и го нападнало. Веднаш се стрчале тројца полицајци, кои го привеле, односно му ставиле лисици и го однеле во полициска станица

Телевизијата најави пријава за нападот, но се поставува прашање како може новинарите да не бидат безбедни во кругот на МВР.

 

Слични содржини