Новиот британски премиер ќе биде познат во понеделник

од Nikola Popovski

Резултатите од гласањето за лидерот на британската конзервативна партија, а со тоа и за новиот премиер, ќе бидат објавени во понеделник, соопштија денеска од партијата.

За функцијата нов лидер на конзервативците се натпреваруваат министерката за надворешни работи Лиз Трас и поранешниот министер за финансии Риши Сунак.

Анкетите покажуваат дека Трас ќе победи, пренесува Ројтерс.

Британската кралица Елизабета Втора во вторник официјално ќе именува нов премиер.

Актуелниот премиер Борис Џонсон, кој ги предводеше ториевците до победата на изборите во 2019 година, ќе остане на функцијата додека не заврши пренесувањето на власта.

Слични содржини