Новиот филм со Адам Сендлер руши рекорди, за три дена го гледале 30 милиони луѓе

од desk2

Најновиот филм на Адам Сендлер „Murder Mystery“ го сруши рекордот на „Netflix“ кога станува збор за бројот на луѓето кои го изгледале, изјавуваат од „Independent“.

Murder Mystery

Сендлер, кој пред две години го потпишал својот втор четиригодишен договор со „Netflix“, се здружил со Џенифер Анистон во комедија, за парот од Њујорк кој се наоѓа во сплетката за мистеријата околу смртта на стариот милијардер во текот на патувањето по Египет.

Иако критичарите веќе долго време не го фалат Сендлер, публиката очигледно го обожува, особено публиката на „Netflix“. Според пишувањта од „Variety“ во сите три дена филмот на „Netflix“ го погледнале речиси 30.9 милиони корисници. Досега рекордот го држеше “Bright“ си Вил Смит кој во првите три дена го погледнале 11 милиони луѓе.

Според предвидувањата на „Netflix“, „Murder Mystery“ би можел да го надмине и филмоvite „Bird Box“ кој во првиот месец го погледнале околу 80 милиони луѓе, „Triple Frontier“ со 52 милиони и „The Highwaymen“ кој во рок од 30 дена привлекол 40 милиони гледачи.

Слични содржини