Новиот коронавирус откриен е уште пред 7 години: Пoтекнува од лилјаците, но никој не го слушал предупредувањето од научниците!

од Aleksandar Petrovski

Новиот коронавирус сега официјално наречен Covid-19, сличен е на оној кој е откриен на лилјаците во Кина во 2013 година.

Но изостанувањето на постапката во склад со предупредувањата на оние кои го проучувале значи дека е пропуштена можноста да се заштитат жителите.

Иако некои тврдат дека Covid-19 на луѓето преминал од пинголин, веројатно е дека тие животни биле само жртви на инфекција, како и луѓето.

„Од досега достапните виролошки докази, вирусот скоро сигурно дошол од еден вид на лилјаци“, вели Ендру Канингем од Зоолошката градина во Лондон.

Со години Женг Ли Ши и нејзините колеги од Институтот за вирологија во Вухан изолирале коронавируси од лилјаците во пештерите во кинеската провинција Јунан.

Во лабораторија во 2013 година пронашле коронавирус кој може да зарази човечки келии. Минатата недела Женг извести дека тој вирус 96 отсто е идентичен со вирусот Ковид-19, кој сега се прошири меѓу луѓето.

Во 2016 година Вејн Мараско од Медицинскиот факултет на Харвард и неговите колеги откриле дека вирусот кој го открила Женг со екипата може да се репродуцира во ќелии на човечките дишни патишта. Тие тој вирус го опишаа како „предодреден да се појави кај луѓето“.

Меѓутоа, понатамошните истражувања ги спречила одлуката на американската влада да забрани работа на промени на вируси на начин кој би можел да ги направи поопасни.

Работата на луѓето околу Женг исто така открила дека вируите можат да се пренесуваат директно од лилјаците на луѓето кои живеат во близина на нивните пештери. Истражувањата покажуваат дека панголините не се неопходни за да се шири вирусот Ковид-19 кај луѓето, а претходно тие откриле дека и САРС-от може да премине од лилјаците кај луѓето, а притоа да не ги зарази другите животни.
Минатата година Женг предупредила дека постои голема веројатност коронавирусот да се прошири од лилјаците во Кина.

„Истражувањето на коронавирусот на лилјаците станува итно прашање за рано откривање на знаците за предупредување“, напиша таа.

Со оглед дека таа можност е испуштена, Женг повика на засилени напори за да се развијат лекови и вакцини за вирусот.

За потсетување, бројот на починати од коронавирусот во кинеската покраина Хубеи денес скокна за рекордни 242 случаи и вкупно изнесува 1310, а дојде и до зголемување на бројот на нови потврдени случаи на заразата по примената на новата дијагностичка методологија.

Слични содржини