Новиот модел на Бе-ем-ве вози до 306 км/ч

од desk2

После X5 M и X6 M, семејството „М“ на баварскиот гигант се проширува на уште еден модел – M8 Gran Coupe.

За погонот на M8 Gran Coupe и M8 Gran Coupe Competition е задолжен 4,4-литарскиот твин-турбо V8 агрегат.

„Обичниот“ M8 Gran Coupe развива 607 коњски сили и 752 Nm максимален обртен момент, додека пак M8 Gran Coupe Competition располага со 625 коњски сили и 752 Nm максимален обртен момент.

Со овој моќен погон, верзијата M8 Gran Coupe забрзува од 0 до 100 километри на час за 3,1 секунди, додека пак Competition верзијата за 3 секунди. И двете верзии пристигнуваат со осмобрзински автоматски менувач и xDrive систем со погон на сите четири тркала.

Максималната брзина е ограничена на 250 километри на час, но можно е со доплата купувачите да добијат и M Driver пакет во кој автомобилот достигнува брзина од 306 километри на час.

Почетната цена на оваа машина на БМВ во Германија изнесува 138,655 евра, а производството започнува веќе идниот месец. БМВ исто така ќе понуди и ограничено издание First Edition од само 400 примероци кое од останатите автомобили ќе се издвојува по специјалната зелена боја на каросерија.

Слични содржини