НОВИОТ МОСТ НА „БУЛЕВАРОТ АСНОМ“ ќе ги поврзе населбата Ќерамидница и Аеродром

од Берта Китинска

Денес градоначалникот Шилегов заедно со градоначалникот на Подгорица, Иван Вуковиќ, кој престојува во дводневна посета на Скопје, го посетија новиот мост на „Булеварот АСНОМ“ кој е во завршна фаза на изградба.

-Новиот премин преку Вардар ги поврзува улицата Васко Карангелевски во Аеродром со улицата Индустриска во населбата Ќерамидница, во Гази Баба. Вкупната должина на трасата изнесува 400 метри. Самиот мост е долг 150 метри, со 6 коловозни ленти, како и велосипедски и пешачки патеки од двете страни. Општините Аеродром, Гази Баба и Центар наскоро ќе бидат поврзани со овој нов мост кој е модерно булеварско решение што ќе го релаксира сообраќајот во овој дел од Скопје.Булеварот АСНОМ се гради и пробива и низ населбата Ќерамидница, кон Аеродром. Со довршувањето на „Булевар АСНОМ“, граѓаните на Аеродром и Ново Лисиче ќе имаат уште едно поврзување со центарот на градот. И на Булеварот АСНОМ, како и на новиот мост, се предвидени велосипедски патеки, а по него ќе се движат и нови автобуски линии, соопштија од Градот.

Слични содржини