Новиот напаѓач на Јуве сака да ги следи стапките на Пирло, Дибала, Зидан и Игуаин

од Stefanija Kuzmanovska

Новиот напаѓач на Јувентус, Кајо Жорге откри дека избрал да игра со број 21 во тимот поради фактот што претходно го носеа играчи како Андреа Пирло, Пауло Дибала, Зинедин Зидан и Гонзало Игуаин.

„Многу сум среќен што сум тука, тоа беше мојот детски сон. Очекувам да останам долго во Јувентус, бидејќи ова е одличен тим, еден од најголемите во Европа. Зошто го избрав бројот 21? Овде го носеа неверојатни играчи: Пирло, Дибала, Зидан и Игуаин. Така, се надевам дека ќе постигнам многу голови со овој дрес. Мојата цел е да постигнам гол и да им помогнам на соиграчите колку што можам. Исто така, по Божја волја, да освојуваме трофеи како оној во Лигата на шампионите. Веќе се сретнав со сите мои соиграчи и тие одлично ме пречекаа. Се надевам дека наскоро ќе почнам да тренирам со нив. Многу се движам на теренот и имам талент за голови. Многу сум силен тактички и сум интелигентен играч. Благодарност до фановите што ми посакаа добредојде. Сакам да дадам се од себе и да постигнам многу голови“, изјави Жорге за клупската телевизија.

19-годишниот Бразилец даде и блиц-интервју во кое откри дека како дете имал постер на својот нов соиграч Кристијано Роналдо, и дека сонува да постигне гол со тимот на Јувентус во финалето на Лигата на шампионите.

Слични содржини