Новиот премиер на владата на Приштина ја презеде должноста

од Stefanija Kuzmanovska

Избраниот премиер на привремените институции во Приштина, Албин Курти, денеска ја презеде должноста од неговиот претходник Авдулах Хоти.

Тој во текот на денот ќе одржи официјален состанок со новите членови на владата во Приштина, пренесува „Коха“.

Во текот на денот, тој треба да се сретне со шефот на делегацијата на ЕУ во Приштина, Томас Сунјог.

Ова ќе биде втор мандат на Албин Курти како премиер на привремените приштински институции.

Слични содржини