Новиот раст на позитивни случаи, Македонија ќе добие вакцини од „АстраЗенека“

од Берта Китинска

Новата британска мутација забрзано се шири во земјава.Власти велат дека земјата има превземено се за да добиеме час поскоро вакцини.

Меѓувреме лидерите на Ковакс-механизмот, ја објавија првичната листа, составена од 142 држави кои треба
да добијат вакцини преку овој механизам. Според неа, Македонија треба да добие 100.800 вакцини од компанијата АстраЗенека, но сепак се уште нема точен датум кога тие би пристигнале во нашата земја, соопшти ГАВИ, организацијата задолжена да ја координира програмата Ковакс.

„Овие временски рамки зависат од различни фактори, вклучувајќи ги националните регулаторни барања,достапноста на снабдувањето и исполнување на други критериуми, како што се валидизирани национални планови за распоредување и вакцинација, договори за обесштетување и одобренија за извоз и увоз“, информираат од Ковакс-системот.

Според најновите анализи направени во лабораторија на МАНУ 50 проценти од испитаните случаи во последниот месец биле заразени со британската варијанта на коронавирусот.

Освен британскиот сој, резултатите во лабораторијата на МАНУ покажаа дека послениот период во Македонија забрзано се шири и чешко – словачката варијанта на вирусот.

Во моментов најголем број на активни случаи има во Скопје, Охрид, Прилеп и Кавадарци.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 103.746, бројката на оздравени пациенти е 91.875, на починати е 3.151, а бројот на активни случаи изнесува 8.720.

Слични содржини