Новиот состав на ДИК денес пред претседателот на Собранието Џафери ќе даде свечена изјава

Денес новоизгласаните членови на Државната изборна комисија ќе дадат свечени изјави пред претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери.

Познато е дека претседател на ДИК во следниот мандат ќе биде Александар Даштевски, а потпретседателка на ДИК, Дитмире Шеху. Дел од комисијата се Борис Кондарко, Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Бобан Стојановски и Кренар Лога.

Инаку, денес завршува и официјално мандатот на претходниот комискиски состав, а со истиот раководеше Оливер Дерковски, додека позицијата заменик претседател ја предводеше исто како и во новиот состав, Дитмире Шеху.

Новиот состав на ДИК беше избран со консензус на 31-та собраниска седница во вторникот. Првиот предизвик на овој состав на ДИК е организирање на локалните избори што треба да се одржат наесен.

Слични содржини