Новиот Супермен е бисексуалец

од Vladimir Zorba

DC Comics објави дека новиот Супермен, Џон Кент, е бисексуалец.

Во следниот број на стрипот во ноември, ќе биде прикажана врската на Џон со неговиот пријател Џеј Накамура.

Ова издание е дел од серијата „Супермен: Синот на Кал-Ел“ во која Џон ја презема наметката на суперхерој од неговиот татко, Кларк Кент.

Издавачката куќа ја објави оваа вест на Националниот ден на „излегување од плакарот“, што го одбележуваат ЛГБТ луѓето низ Америка.

Серијата стрипови започна да се прикажува во јули, а Џон веќе се бореше со пожарите предизвикани од климатските промени, протестираше против депортацијата на бегалците и се судри со напаѓачи, при пукање во училиште.

Во едно од претходните изданија, Џон се спријатели со Џеј, новинар со розова коса.

DC Comics рече дека двојката започнала емоционална врска во петтото издание, бидејќи Џон „психички и физички изгорел обидувајќи се да спаси секој што може“.

Деталите за заплетот допрва треба да се откријат, но илустрациите објавени од стрипот на DC покажуваат бакнеж на Џон и Џеј.

Том Тејлор, креаторот на овој серијал, изјави за Би -Би -Си дека кога првпат му била понудена работа, размислувал како треба да изгледа Супермен денес.

„Дојдов до заклучок дека ќе пропуштат одлична можност доколку го заменат Кларк Кент со друг бел стрејт спасител“, рече Тејлор.

На негово изненадување, пред да ја претстави идејата за Џон Кент како бисексуалец, му беше кажано дека DC Comics веќе размислува за таа идеја.

„Во последно време имаше голема промена – пред пет или десет години, ова ќе беше многу потешко, но сега идејата е прифатена“, објасни тој.

Слични содржини