Новиот вид на корона е позаразен, но има и 3 ПОИНАКВИ СИМПТОМИ од досега познатите

од Stefanija Kuzmanovska

Врз основа на податоците од големата британска студија за симптоми на корона, издвоени се три нови симптоми како симптоми кои најчесто ги пријавуваат пациентите.

На почетокот на пандемијата, треската и кашлицата генерално беа на врвот на списокот составен врз основа на статистички податоци од пациенти кои се пријавиле на лекари и ковид клиники ширум светот.

Сега, според британските медиуми, индискиот вид на корона дава три поинакви симптоми!

Научниците од Кралскиот колеџ во Лондон ги објавија резултатите од проектот за следење на податоците што ги пријавуваат пациентите и наведоа дека трите симптоми сега се издвојуваат како доминантни.

„Болеста сега се однесува поинаку и ние веруваме дека тоа е индискиот „​​делта“ вид на корона. Сепак, постои можност вирусот да се однесува поинаку во телото на младите, кои, за жал, во моментов се многубројни меѓу новозаразените“, велат научниците.

„Ако мислите дека сте настинати, направете тест на коронавирус за да бидете сигурни дека не сте заразени“, советува водачот на истражувањето, професорот Тим ​​Спектор.

Неговиот тим ја лансираше апликацијата за следење на симптомите „ZOE“ минатиот март и врз основа на нејзините податоци беше направена најголемата студија за симптомите на корона во Велика Британија. На почетокот на пандемијата, кашлицата ја пријавиле дури 46 проценти од заразените, но сега и претходеле главоболки (66 проценти), болки во грлото (53) и течење на носот (49 проценти).

Се помалку луѓе, според авторите на студијата, пријавуваат појава на аносмија, односно губење на чувството за мирис.

Меѓу поретко, но сепак признати симптоми, во моментов се треска, губење на апетит, осип, болки во мускулите, дијареја и други, но медицинските експерти сепак апелираат до сите да запомнат дека короната може да помине без симптоми.

Слични содржини