Новиот вид на корона кракен за првпат регистриран во Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Новиот подвид на омикрон, кракен, за првпат е откриен во Русија, соопшти денеска руската државна служба за заштита на потрошувачите и благосостојба на граѓаните Роспотребнадзор.

„Првиот случај на инфекција со сојот XBB.1.5 е потврден во регионот на Пенза при секвенционирање на геном на коронавирусот“, се наведува во извештајот на Роспотребнадзор, пренесува ТАСС.

Според санитарниот надзорник, во Русија има многу подвидови на омикрон, но најдоминантна е БА.5.

Слични содржини