Новиот владин тим подготвен да стартува со работа на „Илинденска“

од Берта Китинска

„Успешно и ефикасно справување со светската пандемија со КОВИД-19, подинамичен економски раст, ефикасна правна држава и владеење на правото, модерно образование,активно членство во НАТО, силна волја за успешен почеток и завршница на преговорите по поглавја за членство во Европската Унија,добри меѓуетнички и меѓусоседски односи“, се дел од работните задачи на новата влада во  следниот четригодишен мандат.

Новите министри денеска претседателот на Владата Зоран Заев ги претстави на приемот што по тој повод го организираше претседателот на државата Стево Пендаровски.

– Имаме силни агрументи да го убедиме претседателот Стево Пендаровски дека не обединува искрена определба и политичка волја за засилено исполнување на страшетките цели на нашата земја, успешно и ефикансно справување со светската пандемија, нова енергија и решителност во создавање подинамичен економски раст и силни институции со ред, правда и ефикансност, правна држава и владеење на правото, модерно образование, активно членство во НАТО, силна волја за успешен почеток и завршница на преговорите по поглавја за членство во ЕУ, добри меѓуетнички и меѓусоседски соработки, истакна Заев.

Економијата и забрзаниот економски раст, како што посочи, се еден од приоритетите на новата Влада, а најави и структурни реформи во јавната администрација за таа да стане уште поефикасна.

Членови на Владата се и Љупчо Николовски како вицепремиер за борба против корупцијата, Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија, Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања, Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Радмила Шекеринска – министерка за одбрана, Бојан Маричиќ – министер за правда, Благој Бочварски – министер за транспорт и врски, Венко Филипче – министер за здравство, Мила Царовска – министерка за образование и наука, Јахода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика и Ирена Стефоска – министерка за култура.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го води Аријанит Хоџа од Беса, предизборниот коалициски партнер на СДСМ, а Горан Милевски од ЛДП ќе биде министер за локална самоуправа и во новата Влада.

Артан Груби од ДУИ ќе биде прв вицепремиер и министер за политички систем, Бујар Османи – министер за надворешни работи, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Бектеши останува министер за економија, Насер Нуредини министер за животна средина, Јетон Шаќири- министер за информатичко општество и администрација.

Слични содржини