Новите министри на Алтерантва ќе влезат во новата влада

од Берта Китинска

Владејчкото мнозинство се стабилизира на 64 пратеници.Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши склучија договор за соработка во Владата

-Убеден сум дека со 64 пратеници ја имаме најсилната гаранција за стабилно парламентарно мнозинство, а верувам дека може и да расте. Моето останување во овој дополнителен период е заради обезбедување на мнозинството и мислам дека оваа работа ја завршувам. На 12 декември мојата партија СДСМ ќе има нов претседател, истакна Заев.

За составот на новата Влада ќе одлучува новиот мандатар и тоа ќе биде по неколку недели, како што рече, „откако ќе биде извесно со Бугарија“.

-Владата околу крајот на годината ќе биде предложена, мојата оставка ќе биде депонирана, кога ќе почне и постапката за предлагање на новата Влада во Парламентот. Тоа се 20-ина дена од сега, соопшти Заев.

„Алтернатива“ во наредните неколку недели, рече тој, ќе почне да ги презема одговорностите во институциите. Договорено е партијата да добие тројца министри – за здравство, за информатичко општество и еден министер без ресор и тројца заменици министри – за образование, за култура и еден за ресор што дополнително ќе го договорат. Партијата на Гаши ќе добие и функционерски места во повеќе централни и подрачни институции, меѓу кои МЕПСО, ФЗОМ, Железници, Клиничкиот центар во Тетово, Агенцијата за странски инвестиции….

За кадровските решенија ќе решава Централното претседателство на Алтернатива, откако ќе минат внатрепартиските консултации за имињата со кои ќе учествуваат во извршната власт.

Од ДУИ велат дека знаеле за новата рааспределба на ресори и преговорите со Алтернатива.

Од ЛДП пак, се резервирани.

Очекуваме премиерот Зоран Заев да нè извести во каква влада влегуваме, кажа лидерот на ЛДП, Горан Милевски, откако Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, договорија Алтернатива да влезе во владината коалиција.

ЛДП заедно со ДОМ е дел од владината коалиција и, според Милевски, очекуваат информации за договорот со Алтернатива за потоа одлучат дали тоа за нив е прифатливо или не.

-Немаше потреба да се прават овие театри еден месец и да се дефокусира јавноста бидејќи државата има еден силен предизвик во декември, а тоа е почеток на преговорите со Европската Унија и целата енерија на политичките чинители треба да се насочи кон решавање на овој проблем којшто ќе значи подобар животен стандард на граѓаните, наместо да се занимаваме со личните позиции и кадровските решенија коишто очигледно се договорени, изјави  Милевски.

Слични содржини