Новите мреки предизвикаа гнев: На граѓаните не им е дозволено да ги напуштаат своите домови

од Берта Китинска

Повеќе од 13 милиони Австралијци, се под рестриктивни мерки заради заштита од ширење на ковид 19.

Државата Јужна Австралија, каде што живеат 1,7 милиони луѓе, се приклучи на државите Викторија и Нов Јужен Велс во вторникот и воведе построги рестриктивни мерки.

Жителите на Јужна Австралија ќе мора да останат во своите домови седум дена, откако  се заразија  пет лица.

Бесот во Австралија полека расте поради стратегијата на затворање.

Според БиБиСи, до неодамна, Австралија беше пофалена за стратегијата за затворање на границите, програмите за карантин и брзите заклучувања.Во земјата се регистрирани помалку од 1.000 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

Сепак, брзото ширење на многу заразниот делта сој создаде нови предизвици за земјата и ја истакна ниската стапка на вакцинација, додаваат британските медиуми.

И покрај влегувањето во локдаун минатиот месец, Сиднеј забележа 110 нови случаи денес, така што повеќе од 1.300 лица се заразени во сегашниот бран.

На граѓаните не им е дозволено да ги напуштаат своите домови освен ако не одат на шопинг, вежбаат или имаат важни причини да излезат надвор.

Постојат стравувања дека затворањето на Сиднеј може да трае до септември, бидејќи моделите покажаа дека на градот можеби ќе му требаат месеци за да го достигне денот кога нема да биде забележан случај.

Слични содржини