Новицки: Се надевам дека Лука Дончиќ ќе ја помине целата своја кариера на Далас

од Nikola Popovski

Легендарниот кошаркар на Далас, Дирк Новицки, се надева дека новата ѕвезда на Маверикс, Лука Дончиќ, целата своја кариера ќе ја помине во тимот.

„Уживам да ја гледам играта на Лука Дончиќ на 20-годишна возраст. Се надевам дека тој ја поминува целата своја кариера во Далас. Лука е сè уште многу млад. Се надевам дека еден ден ќе ја донесе шампионската титула“, изјави Новицки.

Дончиќ е во Далас од 2018 година. Претходно три години беше дел од Реал Мадрид со кого има два трофеја во шпанскиот шампионат.

Слични содржини