Ново барање на Ковачев: Да се отстрани „бугарски окупатор“ од македонските спомен плочи, а тоа да го платат Германците

од Vladimir Zorba

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на својот Фејсбук профил денеска изрази незадоволство дека на плочите на дел од споменците во Македонија стои „бугарски фашистички окупатор“.

Тој предлага тоа да се промени и да пишува „германскиот нацистички окупатор на Кралство Југославија и времената бугарска администрација составена основно од Македонци”.

„Очигледно за многу наши соседи во Скопје, митовите за комунистичкиот отпор се основа за нивниот „етнички идентитет“. Затоа, за да ги „зачуваме“ митовите за „првата пушка“ и целата митологија, но и да бидеме барем малку пообјективни кон историските факти, предлагам на владата во Скопје сите плакети и споменици на кои пишува „бугарски фашистички окупатор“ да се сменат во „германскиот нацистички окупатор на Кралството Југославија и привремената бугарска администрација составена главно од Македонци“.

За да се избегне гневот, можат да се направат неколку споменици во западна Македонија на „италијанскиот фашистички окупатор“.

Јас дури предлагам темата да се дискутира со германските власти што е можно побрзо, со цел да се покријат трошоците за замена на стотиците споменици и плакети низ цела Македонија“, сподели Ковачев.

https://www.facebook.com/AndreyKovatchevMEP/posts/10157509237231641

Слични содржини