Ново истражување: Дознајте колку штитат маските, физичкото растојание при ширењето на ковид 19

од Берта Китинска

Новото истражување покажа дека носењето маски е една од најефикасните епидемиолошки мерки за борба против ширењето на коронавируси, особено делта-сојот. Според мета-анализата на 72 студии спроведени од научници од Универзитетот Монаш во Австралија, носењето маски го намалува преносот на вируси за 53 проценти.

Според податоците глобалните програми за вакцинација се покажале како безбедни и ефективни и спасуваат животи, но дека тоа не е целосна заштита од ширење на коронавирусот.

Според истата анализа, физичкото дистанцирање ја намалува инциденцата за околу 25 проценти.

„Веројатно е дека понатамошната контрола на пандемијата на коронавирус не зависи само од високата покриеност на вакцинацијата и нејзината ефикасност, туку и од континуираното придржување до ефективни и одржливи мерки за јавно здравје“, посочуваат Стела Талиќ и нејзините колеги од Британскиот медицински журнал.,(БМЈ).

Предизвикот е да се одреди кои мерки би можеле да бидат поефикасни и поодржливи за понатамошно спречување на ширењето на вирусот бидејќи коронавирусот е многу заразен.

Тие, исто така, велат дека процентот на населението што мора да се вакцинира против коронавирус за да се постигне колективен имунитет во голема мера зависи од сегашните и идните варијанти. Тие заклучуваат дека, меѓу другите фактори, овој праг на вакцинација варира во зависност од земјата и одговорот на населението, типовите вакцини, приоритетните групи за вакцинација и мутациите на вирусот.

Слични содржини