Ново истражување откри како прегратките влијаат на целокупното здравје на една личност – резултатите изненадувачки

од Stefanija Kuzmanovska

Тим научници од Универзитетот во Северна Каролина во САД одлучија да направат истражување за тоа како прегратките влијаат на поединецот и неговото здравје. Испитаниците биле жени на возраст од 20 до 49 години кои биле во романтична врска со партнер најмалку половина година. Прво, тие заедно со своите партнери пополниле прашалници за тоа колку често се гушкаат, држат за раце…

После тоа, секој пар имал кратко романтично дружење – гледале романтично видео и на крајот разговарале и се гушкале. Потоа жените ги одделиле од мажите и ги соочиле со стресна ситуација – морале да подготват и да снимат говор за некој настан што ги вознемирил во последно време.

Пред, за време и по секоја фаза, биле измерени нивото на окситоцин, крвниот притисок и отчукувањата на срцето, а овие мерења покажале дека повисоки нивоа на окситоцин, понизок крвен притисок и помирен ритам на срцето имало пред фазата на интимен и близок контакт со партнерот – поради исчекување и возбуда.

Оние жени кои повеќе се гушкале со партнерот во врската, обично имале поголемо ниво на окситоцин, а истражувачите откриле дека токму тој е важна врска помеѓу прегратките и понискиот крвен притисок.

„Високиот крвен притисок е клучен во развојот на кардиоваскуларните болести и овие резултати можат да помогнат да се објасни дека луѓето со емоционална поддршка од партнерите имаат помал ризик од развој на овие болести. Луѓето на кои им недостасува овој хормон се смеат помалку, често се осамени и сакаат да работат на работни места каде што можат да работат самостојно, не во тим. Исто така, жените на кои им недостасува овој хормон имаат проблеми со постигнување оргазми“.

Покрај тоа, окситоцинот го намалува нивото на кортизол, хормон на стрес, пренесува health.harvard.edu.

Слични содржини