Ново откритие за вакцините на Фајзер: Дали е доволна само една доза?

од Stefanija Kuzmanovska

Данута Сковронски, канадски епидемиолог од Центарот за контрола на болести во Британска Колумбија и Гастон де Серес, епидемиолог во Националниот институт во Квебек, ги повикаа светските влади да го зголемат растојанието помеѓу двете дози вакцина на „Фајзер“, бидејќи тврдат дека установиле дека по давањето на една доза ефикасноста е 92,6 отсто.

Тие ги предадоа своите откритија на американската Администрација за храна и лекови, објави „Ројтерс“.

Нивните тврдења се слични на оние во кои тие наведоа дека ефективноста на единечна доза на mRNA-1273 вакцината на „Модерна“ е 92,1 отсто, што беше објавено во магазинот Тhe New England Journal of Medicine.

Сковронски и Де Серес предупредија дека постои неизвесност за тоа колку долго трае заштитата по давање на една доза на вакцината, но нагласија дека давањето на втората доза еден месец по првата ќе ги зголеми придобивките од вакцинацијата на што повеќе луѓе, барем за одреден временски период.

– Со оглед на доцнењето во дистрибуцијата на вакцините, одложувањето на втората доза е прашање на закана за националната безбедност, што ако се игнорира, сигурно ќе резултира со бројни хоспитализации и илјадници смртни случаи оваа зима во САД – предупредуваат авторите.

Како одговор, „Фајзер“ соопшти дека алтернативното дозирање на вакцината сè уште не е оценето и дека одлуката за тоа е на здравствените работници во земјите кои ја користат нивната вакцина.

Слични содржини