НОВО ПИСМО-БОМБА во Шпанија, овој пат во американската амбасада во Мадрид

од Stefanija Kuzmanovska

Американската амбасада во Мадрид примила писмо слично на пет писма-бомби кои беа испратени на адреси на владини канцеларии, приватни компании и на украинската амбасада во Шпанија, јави денеска телевизијата Ла Секта.

Кабинетот на шпанскиот премиер Педро Санчез на 24 ноември примил писмо кое содржело експлозивна направа слична на онаа што ја примија украинската амбасада во Мадрид и шпанскиот производител на оружје во средата и денеска во воздухопловната база во близина на главниот град, соопшти шпанското министерство за внатрешни работи.

Министерството соопшти дека безбедноста околу јавните и дипломатските згради била засилена откако добиле серија писма-бомби.

Во исто време, весникот „Ел Мундо“ објави дека четвртиот пакет со експлозив е пронајден денеска во шпанското министерство за одбрана.

Украина во средата го засили обезбедувањето на своите амбасади во странство, откако шпанската полиција и владата соопштија дека вработен во украинската амбасада во Мадрид бил повреден кога отворил писмо-бомба.

Високиот суд во Шпанија специјализиран за тероризам отвори истрага за пратките со експлозивни направи, изјави судски извор за „Ројтерс“.

Слични содржини