Мигрантитеи стационирани во Идомени дефинитивно се решени насилно да влегуваат во Македонија. Како што дознава Локално.мк, меѓу мигрантите се делат летоци на кои што пишува дека треба насилно сите да тргнат на котата 59 и дека така ќе мора да ги пуштат, само ако бидат заедно  и повик за насилен влез на сите 10.000 бегалци.kriza-makedonija-grcija-granica-domino-efekt-04

Од страна на Грција ситуацијата е препуштена на самите мигранти , а од македонска  срана се засилува обезбедувањето на граничната линија, се информациите од теренот

Во текот на денешниот ден една група се обидела на делот каде што нема жичана ограда да влезат илегално во Македонија.

Околу 2000 мигранти успеале  да ја пробијат граничната ограда и да влезат во селото Моин во општина Гевгелија. Се  соопштува дека полицијата и армијата не успеале да ја спречат толпата. Според повеќе медиуми мигрантите веќе ги преплавиле дворовите на селаните од Моин кои се сериозно загрижени за својата безбедност.

kamnuvanje-granica-migranti

Огромниот број мигранти и бегалци, меѓу кои и повеќе жени и деца го напуштиле  кампот Идомени, на македонско – грчката граница денеска околу пладне.

Околу илјада мигранти кај Идомени се обиделе да преминат во Македонија

Се упатија во планината долж оградата на македонската граница во обид да најдат начин за влез во Македонија. Веста ја пренесе агенцијата Асошиејтед прес додавајќи дека толпата одбива да се повлече назад во кампот.граница

Тројца мигранти од Авганистан рано изутрината околу 3 часот и 30 минути се удавиле во надојдената вода на Сува река откако илегално ја поминале македонско-грчката граница во близина на селото Моин, соопштија од Центарот за управување со кризи.

ограда-2

Групата Авганистанци броела 26 членови, од кои останатите се спасени  и извлечени од водите на реката од македонските безбедносни сили кои што ја контролираат македонско-грчката граница.

Сите тие, според информацијата што ја соопшти раководителот на ПТЦ Гевгелија Зоран Лазаревски, се чувствуваат добро и се сместени во гевгелискиот прифатен центар, а дел од нив и во гевгелиската болница поради задобиените повреди и премрзнатост од студените води

Слични содржини